9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord го стопираше производството во Венецуела

Ford го стопираше производството во Венецуела

ford venecuela

Американскиот производител на автомобили „Ford“ го стопираше производството во Венецуела поради недостаток на девизи кои им се потребни за увоз на делови, велат од фабриката.

Исто како и останатите приватни компании, и производителите на автомобили се жалат поради владината контрола на валутата која вклучува ограничување и доцнење во купувањето на долари, поради што неможат да ги увезуваат клучните производи.

Во разговор за „Reuters“, работниците во погонот на „Ford“ велат дека работата во оваа фабрика ќе биде парализирана до крајот на мај.

Министертот за транспорт на Венецуела го потврди прекинувањето на работата во „Ford“, но тој додаде дека таа би требало да продолжи за две недели, бидејќи претставниците на „Ford“ и владата решиле дел од проблемите. Државното тело за валути „Cencoez“, оваа недела ќе му го прости долгот на „Ford“ од 20 милиони долари.

Во првиот квартал од оваа година, производството во тамошната автоиндустрија падна за дури 76 проценти или на само 3.424 возила во однос на произведените 14.316 пpимероци во првиот квартал од 2013-та.

Во првите три месеци од 2014-та, „Ford“ во Венецуела произведе само 499 автомобили. И „Toyota“ во февруари го стопираше своето производство во оваа земја поради истиот проблем, недостатокот на девизи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП