2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola ја отстранува контроверзната состојка од своите пијалоци

Coca-Cola ја отстранува контроверзната состојка од своите пијалоци

powerradecocacola54ef54f

Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци „Coca-Cola“ планира до крајот на оваа година да ги исфрли контроверзните состојќи од некои од своите брендирани пијалоци.

Бромираното растително масло или BVO се наоѓа во овошните и спортските пијалоци на „Coca-Cola“ како што се „Fanta“ и „Powerade“. Тоа ќе биде заменето, бидејќи еден елемент од тој адитив е пронајден во огноотпорните материјали.

Конкурентската компанија „Pepsi“ минатата година веќе ја отстрани оваа хемикалија од „Gatorade“ спортскиот напиток.

Според зборовите на медицинските истражувачи на Клиниката Мајо, прекумерната конзумација на газирани пијалоци кои содржат BVO е поврзана со негативните влијаниа врз здравјето, како што е загубата на помнењето, но и проблеми со кожата и нервите.

BVO е исклучен од листата на безбедна храна на американската Агенција за храна и лекови уште во 1970 година. Меѓутоа на компаниите им беше дозволено користење на BVO во мали количини.

Одлуката на „Coca-Cola“ за отстранување на BVO од пијалоците одразува растечки тренд меѓу компаниите за преспитување на одредени практики поради притисокот на јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП