7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе ja мине САД како најголема економија уште оваа година

Кина ќе ja мине САД како најголема економија уште оваа година

usa china

Иако постојат контроверзи околу начинот на кој е извршена пресметката, сепак повеќе американски медиуми најавија дека е можно Кина да ги претекне САД и да стане најголемата економија во светот уште во текот на оваа година, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Повеќето анализи укажуваа дека Кина ќе ги надмине САД како најголема светска економија на почетокот на следната деценија, но новите извештаи базирани врз анализа на Светската банка, која во предвид ја земала и куповната моќ на кинеската валута јуанот, обемот на кинеската економија веќе е израмнет со американскиот, а во текот на годинава ќе го надмине.

Се очекува дека во текот на годинава кинеската економија да се зголеми за 7,5 проценти, што е трипати повеќе од американската. Пред двете големи економски кризи што ги зафатија САД и Европската Унија, кинеската економија знаеше да расне и над 10 проценти годишно, а во изминатите неколку години стапката на раст се движи околу седум или осум проценти годишно.

Номиналниот бруто домашен производ на Кина се проценува на над девет билиони долари и во изминатата декада земјата постепно ги претекнуваше најголемите европски држави, вклучително и Германија, за да се искачи над Јапонија во 2009 година, со што стана втората најголема економија во светот.

Со над милијарда граѓани и огромен простор за урбанизација, индустријализација и натамошен раст, американските експерти сметаат дека растот над кинеската економија над нивото на американската е само прашање на време.

Бруто домашниот производ на американските 320 милиони граѓани изнесува речиси 17 билиони долари. Двете земји се соочуваат со новоотворени безбедносни прашања, по американската најава за распоредување на поголем дел од нејзината воена моќ во Пацификот и спорот за суверенитетот на островите меѓу Кина и американскиот сојузник Јапонија.

САД и Кина имаат трговска размена од половина билион долари годишно, при што Кина има огромен суфицит од 350 милијарди долари, а во исто време, кинеската благајна држи околу 1,2 билиони од американскиот долг, кој изнесува 17,5 билиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП