18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК предвидува пад на хрватскиот БДП од 0,6 проценти во 2014

ЕК предвидува пад на хрватскиот БДП од 0,6 проценти во 2014

padekonomski

Европската комисија во својата пролетна прогноза предвидува пад на хрватскиот БДП во оваа година од 0,6 проценти, додека на крајот на февруари прогнозираше мал раст од 0,5 проценти, а скромното закрепнување сега го предвидува дури за наредната година, кога очекува раст од 0,7 проценти.

„Се очекува продолжување на контракциите на хрватската економија во 2014 година, но тие постепено ќе се намалуваат  пред инвестициите финансирани од Европската унија да го иницираат скромниот раст во 2015 година“, наведува Комисијата во својот извештај.

Минатата година хрватскиот БДП се намали за еден процент, додека во зимската прогноза на ЕК падот беше проценет на 0,7 проценти.

Комисијата проценува дека падот на БДП ќе произлезе од очекуваната слаба домашна потрошувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП