17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталниот профит на Chevron намален за 27 проценти

Кварталниот профит на Chevron намален за 27 проценти

chevron20280595445367acab9918f687199727_640x427

Втората најголема нафтена компанија во САД „Chevron“ во првиот квартал оствари за 27 проценти понизок профит во однос на истиот период минатата година.

Профитот на „Chevron“ исто така е и под предвидувањата на аналитичарите, а како причина за падот на профитот компанијата го наведува намалувањето на производството и падот на цените на суровата нафта.

Спротивно на останатите гиганти во овој сектор, оваа компанија остварува поголем дел од профитот од нафтата отколку од гасот.

Нето профитот на оваа компанија во првиот квартал изнесувал 4,51 милијарди долари или 2,36 долари по акција, во однос на 6,18 милијарди во истиот период претходната година. Според аналитичарите очекуваниот профит по акција изнесуваше 2,51 долари.

Приходите од продажбата изнесувале 51 милијарда долари, што исто така е под очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа 57 милијарди.

Производството на „Chevron“ е намалено за два проценти, на 2,59 милиони барели на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП