27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоранешниот претседател на PSA стана нов шеф на Lotus

Поранешниот претседател на PSA стана нов шеф на Lotus

jan mark gales

Малезиската компанија „DRB Hicom“ која од 2012-та година е сопственик на „Lotus“, на позицијата извршен директор на овој производител го постави Жан-Марк Галес. Овој искусен менаџер извршуваше разни функции во бројни авто-компании, вклучувајќи ја и позицијата претседател на „Peugeot-Citroen“.

По долго затишје, од „Lotus“ повторно пристигнуваат одлични вести. Овој пат станува збор за промена на самиот врв на компанијата, па на местото на Аслам Фарикула пристигна новиот директор, Жан-Марк Галес.

Иако долг низ на години работеше и на одговорни места во „Mercedes“, „General Motors“ и „Volkswagen“, Галес е најпознат по својот ангажман на чело на компанијата „Peugeot-Citroen“ (PSA). Под негово раководство „Citroen“ го стартуваше луксузниот бренд „DS“.

„DRB Hicom“ очекува дека Жан-Марк Галес ќе помогне да се реализираат плановите кои малезиската групација ги има кога станува збор за иднината на „Lotus“.

„Веруваме дека неговото техничко и менаџерско искуство ќе допринесат „Lotus“ да се зајакне, како на финансиски, така и во поглед на техничко-технолошките капацитети“, изјави претставник на „DRB Hicom“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП