4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо еврозоната се очекува економски раст од 1,2 проценти

Во еврозоната се очекува економски раст од 1,2 проценти

F

Европската комисија денес соопшти дека според новите прогнози, оваа година се предвидува економски раст од 1,2 проценти во еврозоната, а во 2015 година раст од 1,7 проценти.

Во соопштението се наведува дека економското закрепнување на ЕУ е стабилно и дека ќе доведе до намалување на невработеноста побрзо отколку што првично се очекуваше.

Се очекува дека стапката на невработеност во 18 земји од еврозоната кои го користат еврото би требало да биде намалена на 11,8 проценти во оваа година, а дека во 2015 година таа би требало да изнесува 11,4 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Претходните прогнози на Европската комисија говореа за стапка на невработеност од 12 проценти во оваа година и 11,7 проценти во наредната година.

Европската агенција за статистика на почетокот на годината објави дека стапката на невработеност во земјите на еврозоната во ноември 2013 година изнесувала 12,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП