4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia вложува 100 милиони долари во паметни возила

Nokia вложува 100 милиони долари во паметни возила

avto nokia

Финската компанија „Nokia“ планира да вложи 100 милиони долари во компании кои работат на развивање на технологии за „паметни“ автомобили, јави денеска „Блумберг“.

Најавените средства ќе бидат обезбедени од новооснованиот фонд на „Nokiа“, со кој, како што е наведено од компанијата, ќе управува инвестициското одделение „Nokia Growth Partners“.

„Нашиот нов 100 милиони долари вреден инвестициски фонд кој денеска стартуваше со работа, дополнително ќе го нагласи нашето уверување дека вмрежувањето на автомобилите претставува значајна можност за раст“, вели Извршниот директор на „Nokiа“, Рајев Сури.

По минатомесечната проджаба на своето одделение за производство на мобилни уреди на „Miсrosoft“, „Nokia“ сега настојува да го реорганизира работењето и да се прошири на нови полиња на делување.

„Гледаме иновации во целата автомобилска индустрија, како што се комбинациите на мобилноста и интернетот“, изјави еден од партнерите во инвестициското одделение на „Nokiа“, Пол Асел.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП