25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот во првите три месеци зголемен за 17 проценти

Извозот во првите три месеци зголемен за 17 проценти

uvoz1

Во првите три месеци од годинава извозот на стоки од Македонија изнесува 1.112.587.000, а увозот 1.696.617.000 американски долари. Извозот во однос на првиот квартал од минатата година бележи зголемување од 17, а увозот 13 отсто.

Како што објави Државниот завод за статистика покриеноста на увозот со извоз е 65,6 проценти, а трговскиот дефицит изнесува 584.031.000 американски долари.

Македонија најмногу извезува катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производи од железо и челик (валани производи) и облеката, а увезува платина и легури на платина, необработени или во прав, електрична енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Од вкупно извезените стоки, 80,1 проценти завршиле во ЕУ, а 12,4 проценти во земјите од Западен Балкан. Најмногу или 63,2 проценти се увезувало од ЕУ.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со овие земји се врши 52,1 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП