20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШестте желби на Роџерс

Шестте желби на Роџерс

rodgers223

Медиуми во Англија пишуваат дека по одличната сезона Управата на Ливерпул ќе го одврзе ќесето и на Роџерс ќе му обезбеди пари за засилувања.

Наредната година апетитите се поголеми. Тие ќе играат во Лигата на шампионите, но и сега ги очекува борба за титулата или барем за некој трофеј.

Според информациите управата ќе обезбеди 60 милиони фунти за засилувања. Од продажбата на играчи нема да има премногу дополнителни приходи. Во принцип играчите за кои се заинтересирани се дефанзивци.

Одбраната на Роџерс ќе се засилува со Колкер од Кардиф. Веќе работеше со него во Свонси, па поради тоа знае што може да добие од него.

Уште едно име на списокот е Аргентинецот Маркос Рохо од Спортинг. Тој би требало да ја засили конкуренцијата на левата страна, но може да помогне и на средината.

„Црвените“ го посакуваат Лук Шо од Саутемптон. Сепак за него ќе треба да со соочат со многу посилни конкуренти, затоа што Шо се најде во бележиците на Челси и Манчестер Јунајтед.

Се зборува дека Јунајтед веќе се договорил за него, вклучувајќи ја и платата која другите не можат да ја исплатат.

Едно од имињата кое е познато е Мика Ричардс. Тој едвај чека да замине од Сити, а во Ливерпул го чекаат со раширени раце.

Средината ќе се засили со Адам Лалана од Саутемптон. Тој е долгорочна замена за Џерард и играч кој може да донесе дополнителна димензија на „Црвените“. За овој трансфер, барем така се зборува, е најсигурен, но и најскап.

Ливерпул повторно ќе проба да го доведе и Конопљанка. Тој трансфер се чека од јануари на реализација, но ова лето треба да биде завршен.

Дали се овие шестмина се токму тие што навивачите на Ливерпул ги очекуваа? Тешко, но од друга страна, Ливерпул и покрај добрите резултати во оваа сезона, нема доволно пари да се трка со Шеиците и Манчестер Јунајтед.

Но навивачите ќе мораат да веруваат во проценките на Роџерс кои до сега се покажаа како добри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП