18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел се сомнева во предвидувањата на Париз за намалување на дефицитот

Брисел се сомнева во предвидувањата на Париз за намалување на дефицитот

pariz121par1

Европската комисија предвидува дека Франција јасно ќе го намали јавниот дефицит во 2015 година, благодарејќи на неодамна усвоениот план за штедење од страна на Владата на Мануел Валс, иако Париз нема да ја достигне целта за ниво на кусок од 3 отсто од БДП предвидено со европските договори, јави дописникот на МИА од Париз.

Во последните економски предвидувања на Европската комисија, објавени денеска, се предвидува јавниот дефицит на Франција во 2015 година да изнесува 3,4 отсто од БДП, додека економскиот раст да биде 1,5 проценти. Француската Влада од своја страна предвидува економски раст од 1,7 отсто.

Се до денешните прогнози, Европската комисија предвидуваше јавниот дефицит на Франција да изнесува 3,9 проценти во 2015 година, далеку од фамозниот праг од 3 отсто што го вети Владата.

Подобрувањето на прогнозите се должи на планот за буџетско штедење од 50 милијарди евра, подвекува Комисијата.

Во 2015 гоина Париз предвидува да заштеди 21 милијарда евра, додека Комисијата прогнозира заштеда од 17,5 милијарди.

Клучната мерка на францускиот план е „пактот за одговорност“ на претпријатијата, кој предвидува намалување на задолжителни давачки за работодавачите до 2017 година на 30 милијарди, со цел да се намали невработеноста во Франција. Во замена претпријатијата се обврзуваат да да отвораат нови работни места.

Оваа мерка на француската Влада е вклучена во пресметките на Европската комисија, но не и другите мерки на штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП