2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ЧЕПТЕР 4“ добитник на наградата „консултант на годината“ во ЦИЕ

„ЧЕПТЕР 4“ добитник на наградата „консултант на годината“ во ЦИЕ

 

Sabre award

Австриската агенција за односи со јавност „Чептер 4“ ја доби престижната САБРЕ награда „Консултант на годината“ во регионот на Централно – Источна Европа во конкуренција на пет други компании.

„Чептер 4“, основана во Виена во 2010 година, развивајќи се интензивно во последниве години, веќе е една од водечките агенции во ЦИЕ / ЈИЕ.

Регионално, Чептер 4 ја има освоено довербата на многу видни компании: Lufthansa, STRABAG, HP, Ericsson, Schneider Electric, SAP, Dr. Oetker, Reed Exhibitions, WWF, Swiss International Air Lines, AbbVie, Samsung, Gedeon Richter, McDonald’s, Unilever, PepsiCo, L”Oreal, Bosch и други, а пак локално Чептер 4 Македонија има искуство и успех со: ЗЕЛС, Пекабеско, Агенција за цивилно воздухопловство, Агровојводина механизација, Факултет за елктро-техника и информациски технологии, Институт за јавно здравје и други македонски компании и институции.

Чептер 4 беше номинирана како една од петте меѓународни агенции за оваа награда, вклучувајќи и некои од водечките мрежи во светот како Ewing, Grayling, MSLGroup, 24/7.

Титулата, официјално, ќе биде доделена на 20 мај на Гала вечера во The Roundhouse во Лондон, на најважниот европски настан од ПР индустријата. Организатор на САБРЕ наградите е реномираното ПР списание „Holmes-Report“, додека поротата се состои од ПР експерти и менаџери од цела Европа.


“Победата во категоријата „Агенција на годината“ е голема почит за успехот на меѓународната сцена. Тој ни покажува дека Чептер 4 се смета како сериозен конкурент на големите европски и светски агенции за односи со јавност,”
рече проф. др. Severin Heinisch, еден од сопствениците на Чептер 4.
Тодор Стојчевски, извршниот директор на Chapter4 во Македонија, по повод добивањето на оваа престижна награда, изјави: „Добивањето на престижната SABRE награда за најдобра агенција во Источна Европа само потврдува дека Chapter 4 како мрежа работи европски и според современите барања на  регионалните бизниси, односно дека нашата работа се базира само на факти кои придонесуваат за задоволни клиенти. Освојувањето на оваа награда значи дека времепостоењето на една компанија не е предуслов за нижење успеси. Иако сме релативно млада агенција во а Централно-Источна Европа, сепак сме многу успешни, брзо растеме и напредуваме. Chapter 4 продолжува да се движи по истата патека и ќе работи во интерес на успехот на компаниите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП