28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Околу 46 милиони луѓе живеат во сиромаштија

САД: Околу 46 милиони луѓе живеат во сиромаштија

wealthy-and-poor

Околу 46 милиони Американци, што е околу 15 проценти од вкупното население, живеат во сиромаштија, покажуваат најновите истражувања.

Социолозите и хуманитарните организации наведуваат дека секое трето семејство во Вaшингтон живее во сиромаштија, иако тоа е еден од најбогатите градови во САД.

Според тие податоци, Вашингтон има околу 600 илјади жители, а околу 200 илјади лица живеат во сиромаштија.

Републиканскиот конгресмен Пол Рајан, кој претседава со моќниот буџетски Одбор на САД, предупредува дека владата ја губи борбата против сиромаштијата.

„Во овој момент федералната влада троши околу 800 милијарди долари годишно на 92 различни програми за борба против сиромаштијата. И покрај тоа, официјалната стапка на сиромаштија е најголема во целата генерација“, предупредува тој.

Хуманитарците предупредуваат дека 70 проценти од парите кои САД ги троши за сиромашните, одат кај оние кои им помагаат на сиромашните, а не директно кај сиромашните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП