21 февруари, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтворање на NOKIA лабораторија за мобилни технологии на ФИНКИ

Отворање на NOKIA лабораторија за мобилни технологии на ФИНКИ

ivo1

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе присуствува на свеченото отворање на NOKIA лабораторијата за мобилни технологии, во СМАРТ центарот на Факултетот за информатички науки и Компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Покрај министерот Ивановски, на прес-конференцијата ќе се обратат и деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов, како и Дариус Залевски од NOKIA и Вацлав Мач од Microsoft.

Оваа лабораторија, е прва од ваков вид која NOKIA ја отвара на Балканот. Лабораторијата ќе им овозможи на студентите и професорите на ФИНКИ пристап до најновите технологии на NOKIA и на Microsoft кои се едни од водечките компании во областа на мобилните и информациските технологии.

На овој настан ќе бидат промовирани можностите кои се отвараат за студените на ФИНКИ за пристап до: Windows Phone екосистемот, developer.nokia.com порталот, Nokia Developer премиум програмата, Marketing in a Box програмата, AppCampus акцелератор програмата за развој на мобилни апликации финансирана од Nokia и Microsoft како и Nokia Ad Exchange програмата.

Исто така, ќе бидат презентирани и можностите кои ги нуди Microsoft како поддршка за локален развој на софтвер во регионот на Централна и Источна Европа, Истражувачко развојните активности на Microsoft и поддршката за Dev Center програмата како и презентација на алатките кои се достапни за факултетот како и за StartUp компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП