3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТриесетина менаџери преку лидер обуки ќе ги подобрат вештините за работа

Триесетина менаџери преку лидер обуки ќе ги подобрат вештините за работа

menadzeri mk

Менаџери од 30-тина мали и средни компании од денеска ќе ги следат двонеделните лидер обуки што ги организира Сојузот на стопански комори во соработка со организацијата „Македонија 2025“.

Обуките се бесплатни и се одржуваат седма година по ред со професори од Универзитетот „Ричард Ајви“ од Канада. Фокусирани се на развојот на претприемништвото, стратешкото планирање, финансиското работење во компаниите и воведувањето на одредени иновации.

Годинава обуките ќе ги посетат менаџери на компании од преработувачката индустрија, агро секторот и трговските и услужните дејности.

– Самиот факт што од година во година имаме огромен интерес покажува дека овие обуки се успешни. Имаме конкретни примери во кои одредена компанија со воведување на некои промени во производниот процес бележи зголемување на производството во одредени сегменти и до 50 проценти, изјави Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори.

Лидер проект менаџерот Том Пиклс вели дека искуството досега е одлично и оти Македонија е едно од најдобрите места за имплементирање на проектот „Лидер“.

– Самите инструктори кои доаѓале од Канада се презадоволни затоа што не само што можат да им помогнат на македонските компании, туку и можат да научат многу од нив, истакна Пиклс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП