4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжи забавувањето на производствените активности во Кина

Продолжи забавувањето на производствените активности во Кина

Q

Кинескиот производствен сектор во април четврти месец по ред забележа пад на активностите, што е најновиот знак на забавување на втората по големина светска економија, соопшти денес банката HSBC.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ), кој го пресметува HSBC е малку зголемен минатиот месец, на 48,1 од 48 поени кои беа забележани во март, но е понизок во однос на прелиминарната проценка од 48,3 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

Секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторските активности. ПМИ ги следи производствените активности во кинеските фабрики и работилници и е тесно следен индикатор за здравјто на економијата.

Во првите три месеци од 2014 година кинеската економија се зголеми 7,4 проценти во однос на 7,7 проценти од претходниот квартал и тоа е кварталот со најнизок економски раст од третиот квартал во 2012 година.

Пекинг минатиот месец започна со низа мерки за поттикнување на економскиот раст, вклучувајќи го даночното олеснување за малите компании. Кинеските лидери, сепак, ја исклучуваат опцијата за поголем пакет мерки за стимулирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП