1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува неделата на медицинските сестри 5-12 мај

Почнува неделата на медицинските сестри 5-12 мај

medicinska-sestra

Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Бахчева“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повод Меѓународениот ден на медицинските сестри од денеска до 12 мај организираат повеќе едукативни работилници и предавања.

Едукативни работилници ќе се однесуваат на новитетите во концептот на работа како и идните планови за развој на оваа професија. Целта е да се подигне новото на стандардите за здравствена нега во сите сегменти.

Според агендата, предвидено е денеска со почеток во 13.30 часот да се одржат работилници на тема Улогата на акушерката и прием на трудница, во вторник во истиот термин еминентните доктори Emin Aksoy и Dilek Kitapciogly ќе го презентираат Универзитетот Acibadem, додека во среда ќе се презентираа медицинската документација по JCI стандарди. Овие презентации ќе се одржат во Амфитеатарот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, додека на 8 Мај со почеток во 12 часот во конгресната сала во „Борис Трајковски“ ќе се одржи третата по ред работилница на тема „Репрограмирање на инструменти и ендоскопи, минимизирање на ризикот од инфекции“.

Учество во активностите можат да земат сите медицински сестри кои за време на настаните можат да се регистрираат и да станат членови на Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Бахчева“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП