8 декември, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСекој шести работник заспива на работа – Која е причината за тоа?

Секој шести работник заспива на работа – Која е причината за тоа?

rabotnicispijat65e6rg

Еден од шест работници на работа е толку уморен што барем еднаш неделно му се случува да заспие на работното место, покажува најновото истражување.

Истражувањето го спроведе компанијата „Virgin Pulse“, а во него учествуваа 1,140 работници.

Резултатите покажуваат дека 76 проценти од работниците се чувствуваат уморни речиси секој ден од неделата, додека 30 проценти од нив се незадоволни или многу незадоволни од квалитетот и количината на сон.

Резултатите исто така покажале дека овие работници сметаат дека главен проблем што имаат лош сон е температурата во нивната спална соба. Дури 85 проценти од нив го изјавиле тоа. Уште една причина поради која имаат лош сон е тоа што нивниот партнер им попречува добро да се наспијат, а 69 проценти изјавиле дека не можат да заспијат поради бучава. Голем број од испитаниците изјавиле дека нивната спална соба е премногу осветлена, има електронски уреди кои зујат, како и тоа дека нивниот партнер гледа тв до доцна во ноќта , но и голем број се пожалиле на квалитетот на нивниот душек.

Сите овие проблеми со квалитетниот сон значително влијаат и на способноста за обавување на задачите на работа.

„Вработените кои не спијат добро имаат лоша концентрација, нивните способности при одлучување се значително лоши, и помалку се способни да се справат со стресот“, се вели во заклучокот на истражувањето.

Затоа, започнувајќи од денес, пред да си легнете, исфрлете ги сите  електронски уреди од собата, затемнете ја комплетно, изолирајте ги звуците кои доаѓаат од околината и објаснете му на партнерот дека ви е потребен квалитетен сон со цел утредента квалитетно да работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП