20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФормирана првата земјоделска задруга во општина Делчево

Формирана првата земјоделска задруга во општина Делчево

delcevo11

Десетина индивидуални земјоделци од општината Делчево се здружија и ја формираа првата земјоделска задруга „Пијанечка слива“.

Земјоделската задруга обединува неколку овоштари, полјоделци и сточари, сопственици на стотина хектари насади под слива и други овошни култури, ниви под житарици, ливади и пасишта и една поголема фарма со кокошки и неколку помали со крупен добиток.

На основачкото собрание е презентиран двегодишниот план за работа на земјоделската задруга. Покрај другото, планот ги опфаќа и стимулативните мерки и субвенциите од државата за набавка на земјоделска механизација и за изградба на инфраструктура за наводнување и пристапни патишта до објектите на задругарите.

Најавени се и првите договори за пласман на земјоделските и сточарските производи на здружените земјоделци од Делчевско со неколку поголеми компании од агросекторот и со нивни партнери во странство.

– Стимулативната аграрна политика на Владата на Република Македонија овозможува формирање на земјоделски задруги, а со тоа и порационално искористување на потенцијалите за зголемено производство на млеко и млечни производи, производство на овошје и негова преработка, изјави Милан Бегов, инженер-агроном.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП