6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAstraZeneca ја отфрли новата понуда на Pfizer

AstraZeneca ја отфрли новата понуда на Pfizer

PX*1877748

Американскиот фармацевтски гигант „Pfizer“ ја крена понудата за купување на британскиот конкурент „AstraZeneca“ до 63 милијарди фунти или близу 106 милијарди долари во напорите да ја создаде најголемата во светот фармацевтска групација, пренесоа светските агенции. Но, сепак британската компанија ја одби понудата.

Сега американскиот производител на лекови, чија централа се наоѓа во Вирџинија, ќе нуди по 50 фунти за секоја акција на „AstraZeneca“, што е за 7% повеќе од првичната понуда од јануари.

Компанијата „Pfizer“ во писмото до премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, наведува дека има намера да го изгради планираниот истражувачки центар на „AstraZeneca“ во Кембриџ и да остави 20 проценти од вработените во истражување и развој на Островот.

Така американската компанија се обидува да ги намали стравувањата за затворање на работни места во Велика Британија, доколку се оствари оваа трансакција.

Одборот на британската фармацевтска групација „AstraZeneca“ објави денеска дека ја отфрлила подобрената понуда за откуп од американскиот конкурент „Pfizer“, велејќи дека новиот предлог е под вредноста на компанијата.

„Финансиските услови и другите положби во предлогот се несоодветни и претставуваат значително потценување на „AstraZeneca“, па поради тоа сметаме дека не е основа на која можат да се започнат разговори со „Pfizer““, се наведува во соопштението на британската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП