21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе сте успешни во работата? Пронајдете си хоби!

Не сте успешни во работата? Пронајдете си хоби!

photographer-4jkgt56

Лицата кои креaтивно ги исполнуваат периодите од денот без обврски, се повеќе продуктивни и повеќе фокусирани на работата, од колегите кои слободното време го поминуваат исклучиво во одморање.

Начинот на кој го поминуваме слободното време во голема мера влијае на кариерата. Ако сакате да бидете успешни на работа, време е да си најдете некое хоби, советуваат прихолозите. Истражувањата покажуваат дека лицата кои креативно го исполнуваат периодот од денот без обврски, се попродуктивни и пофокусирани на работа, од колегите кои слободното време го поминуваат исклучиво во одморање.

Професорот по психологија Кевин Еклеман на Универзитетот во Сан Франциско како најефикасни ги истакна свирењето, фотографирањето и уметничкото сликарство, но и готвењето.

Освен што имаат подобри перформанси, овие лица се и поподготвени да им помогнат на колегите и никогаш не ги одбиваат задачите, дури ни оние кои не им се во описот на работата.

Според мислењето на овој експерт, креативните активности поттикнуваат размислување, но истовремено опуштаат и ја зајакнуваат самодовербата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП