21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПивоварна Лашко лани загубила 30,2 милиони евра

Пивоварна Лашко лани загубила 30,2 милиони евра

pivovarnalashko1

Групацијата „Пивоварна Лашко“ минатата година остварила нето загуба од 30,2 милиони евра.

Приходите од продажбата се намалени за 1,7 проценти, на 267 милиони евра, покажува годишниот извештај презентиран вчера.

Компанијата „Пивоварна Лашко“ лани ги зголеми приходите од продажбата за 1,3 проценти на 90,2 милиони евра. Добивката од работењето изнесувала речиси три милиони евра, а компанијата остварила нето загуба од 27,9 милиони евра.

За оваа година групацијата најавува 270,3 милиони евра приходи од продажбата и 23,8 милиони евра добивка од работењето.

Компанијата „Пивоварна Лашко“ најавува раст на продажбата на пиво и останатите пијалоци за 4,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП