4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на кинескиот услужен сектор во април

Раст на кинескиот услужен сектор во април

kineskiusluzensektor15r8e74gre

Кинескиот услужен сектор во април малку се зголеми, а новите нарачки останаа стабилни , што е охрабрувачки знак за економијата која во последните месеци испраќа предупредувачки сигнали на забавување.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) од услужниот сектор во април е зголемен на 54,8 проценти, што е раст во однос на 54,5 проценти колку што изнесуваше во март. Вредноста над 50 проценти укажува на раст.

Малото зголемување во услужниот сектор кое сигнализира раст на ПМИ секторот за фабричко производство во април беше поздравен со олеснување од страна на инвеститорите кои веќе со месеци се грижат за здравјето на кинеската економија.

Но, растот во фабричкиот и услужниот сектор нема да биде доволен за да ги прикрие облаците на сомневање кои најавуваат малку побавен раст на кинеската економија во наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП