22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ: Врнежите поволно влијаат врз полнењето на големите акумулации, нема опасност од...

ЕЛЕМ: Врнежите поволно влијаат врз полнењето на големите акумулации, нема опасност од поплави

elem 300

Врнежите кои последниве неколку недели во континуитет ја зафатија Република Македонија поволно влијаат врз хидролошката состојба на Охридското Езеро, како и на вештачките акумулации што се користат за производство на електрична енергија и не постои опасност од поплави, информираат од АД ЕЛЕМ.

– Со оглед на сушната зима и отсуството на врнежи од дожд и снег, априлските дождови го подобрија водостојот на акумулациите и во нив има доволно простор за прифаќање на дотоците од новите врнежи. Во тој контекст, не постои каква била опасност од преливање на водите или од поплавување на земјиште во реоните околу вештачките езера, велат од ЕЛЕМ.

Оттаму истакнуваат дека Охридското Езеро во моментов е на кота 693,46 метри или на 29 сантиметри од максимално утврдената кота и во наредниот период не се очекува поголем пораст на неговото ниво. Мавровската акумулација пак е со исполнетост од 55,1 отсто и има доволно простор да прифати нови дотоци. Истото се однесува на акумулациите Шпилје, Глобочица, Тиквеш и Козјак кои се исполнети меѓу 47 и 65 отсто од својот расположлив капацитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП