10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобри прогнози за економијата на Словенија

Подобри прогнози за економијата на Словенија

slove1

Агенцијата зa кредитен рејтинг „Fitch“ соопшти дека ја зголемила прогнозата за Словенија од негативна на стабилна.

Агенцијата во извештајот објавен на својата интернет страница предупреди дека моменталната политичка криза и најверојатните предвремени избори можат да го загрозат спроведувањето на планираните реформи во државата.

„Политичката нестабилност го загрозува спроведувањето на програмата за структурни реформи за 2014 и 2015 година вклучувајќи ја и приватизацијата на клучните компании во државна сопственост“, се нагласува во извештајот.

Словенечката економија се опоравува побрзо отколку што првично се очекуваше, така што агенцијата „Fitch“ ја зголеми прогнозата за економскиот раст за 2014 година за 0,5 проценти по претходните најави за намалување од 0,6 проценти на БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП