3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Дневник“: На земјите од поранешна Југославија им се заканува должничко ропство

„Дневник“: На земјите од поранешна Југославија им се заканува должничко ропство

jugoslavija_karta_drzave

Сите држави што настанаа со распадот на поранешна Југославија, освен Словенија, полека тонат кон должничко ропство и затоа мораат да преземат итни и строги мерки за справување со ваквата ситуација, оценува словенечкиот дневен весник „Дневник“.

– Јавниот долг на државите од поранешна Југославија сега изнесува 90 милијарди евра, додека пред распадот југословенскиот долг изнесувал околу 20 милијарди, наведува весникот.

Според љубљански „Дневник“, во моментов рекордер според јавниот долг е Словенија со задолженост од 28,8 милијарди евра, но за разлика од останатите земји наследнички на СФРЈ, Љубљана има значително повисок бруто домашен производ, што и дава можност за лесна отплата на долгот.

На второто место по Словенија е Хрватска со јавен долг од 28,7 милијарди евра, а потоа следат Србија со 20 милијарди, Босна и Херцеговина со 5,5 милијарди, Македонија со 2,7 милијарди и Црна Гора со 1,7 милијарди евра.

Експертот од Институтот за пазарни истражувања, Саша Ѓоговиќ смета дека државите од поранешна Југославија пополека тонат во должничка криза, бидејќи распадот на поранешната држава „деструктивно влијаел на индустријата, придонел за намалување на производството и значително ја ослабел конкуретноста на економијата и претпријатијата“.

Според Ѓоговиќ, дополниелен проблем за економиите на државите од поранешна Југославија е и тоа што по распадот на СФРЈ, тие ги загубиле традиционалните пазари во Азија и Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП