3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА30.000 лица во еврозоната нашле работа

30.000 лица во еврозоната нашле работа

germanynevrabotetete

Статистичката служба на Европската унија Еуростат соопшти дека во 18 земји на еврозоната во март 2014 година имало 18,91 милиони невработени.

Тоа е помалку за 30.000 од регистрираните невработени во февруари.

Како што се наведува, и покрај падот на бројот на невработени, стапката на невработеноста останала непроменета, односно 11,8 проценти што сеуште е под рекордната граница од 12 проценти која беше забележана во 2013 година.

Се додава дека официјалните податоци покажуваат дека невработеноста во земјите од еврозоната се намалува, како што регионот продолжува да закрепнува од рецесијата.

Се нагласува дека бројките за невработеноста од месец април, ќе го потврдат закрепнувањето во првиот квартал од 2014 година. Од таму додаваат дека постои надеж дека и во цела Европа ќе дојде до намалување на невработеноста, особено во многу задолжените земји како Грција и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП