5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја задржите работата по педесеттите?

Како да ја задржите работата по педесеттите?

resized_Older_workers__man_at_laptop_computer

Според истражувањата, околу 15 проценти од вработените во компаниите имаат околу 55 години, токму овие работници најчесто се наоѓаат на црната листа за откази. Бројот на таквите лица кои добиле отказ по 55-тата година изнесува 45 проценти, а бројот на оние кои по отказот повторно се вработиле изнесува само десет проценти.

Дали е тоа противзаконско? Нема ништо лошо да се вработи некој кој има добри вештини и искуство, но сепак постојат многу причини поради кои работодавците не вработуваат постари лица. Така, тие сметаат дека повозрасните вработени тешко се вклопуваат во работната средина, и дека се помалку продуктивни.

На ова дополнително му оди во прилог и истражувањето кое говори дека најголемата ментална способност, сила и рефлекси се во доцните дваесети и триесети,  а потоа тие полека започнуваат да се намалуваат.

За постарите работници владее мислењето дека не се запознаени со новата технологија, се смета дека нема да испраќаат и читаат многу меилови и дека нема да можат да се вклопат во новиот технолошки свет. Често се случува овие лица по педесеттите да немаат ни можност за напредување и зголемување на платата како што тоа го имаат младите колеги.

Затоа, за да ја задржат работата, возрасните работници треба комплетно да го срушат мислењето дека се помалку продуктивни и незапознаени со технологијата. Секојдневно треба да учат по нешто ново, да комуницираат и работат на истиот начин како младите, да ги користат најновите технологии и да го дадат својот максимален труд кој благодарение и на искуството може да им донесе многу подобри резултати отколку резултатите на младите вработени. Сепак, тука им е потребен и младиот дух, комуникацијата со соработниците, колегите, ведриот лик и желбата за секојдневно постигнување на успеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП