27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПораснаа приходите на Bosch

Пораснаа приходите на Bosch

Bosch_signeage_Image_Bosch

Германскиот производител на електроника и делови за автомобили „Bosch“ во првите три месеци од оваа година евидентираше раст на приходите од седум проценти, а до крајот на годината очекува продолжување на растот.

Извршниот директор на компанијата Штефан Азенкершбаумер порача дека е задовоен со почетокот на годината, особено во регионот на Азија и Пацификот, пренесува агенцијата Франс прес.

На растот на приходите влијаеше и силното евро, а со исклучок на валутните промени, приходите се зголемени за 10 проценти во првиот квартал, наведува компанијата.

Откако веќе ги намали вкупните приходи од 2013 година за 1,5 милијарди евра, силното евра ќе продолжи да влијае и на овогодинешните резултати, наведуваат од „Bosch“ кои во 2014 година очекуваат раст на приходите од три до пет проценти.

Приходите од минтата година се зголемени за 3,1 проценти на 46,1 милијарди евра. Нето профитот е намален за 27,5 проценти на 2,28 милијарди, а профитот од работењето е зголемен за 29,9 проценти на 2,75 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП