8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Златниот падобран“ на Елоп

„Златниот падобран“ на Елоп

stefan elop 2

Стефан Елоп, човекот кој по четиригодишниот мандат во „Nokiа“ повторно се враќа во „Microsoft“, ќе добие многу поголема отпремнина отколку што претходно се очекуваше. Неговиот „златен падобран“, како во бизнис круговите се нарекува значителната отпремнина, изнесува 33,4 милиони долари, што се за третина повеќе од претходно споменатите 25 милиони. Главната причина за ова зголемување на исплатата е поради вредноста на акциите на „Nokiа“ која следуваше по големата аквизиција.

Од оваа сума, Елоп ќе добие околу 5.5 милиони долари во готовина, додека другите ќе му бидат исплатени во акции. Како што беше најавено, 70% од отпремнината ќе покрие „Microsoft“, a 30% ќе му даде „Nokia“.

Во меѓувреме пишувавме и за неговиот наследник на позицијата извршен директор во финската компанија. Новиот „CEO“ на „Nokia“ е Рајев Сури, кој на оваа позиција ќе заработува помалку од својот претходник – околу 1 милион евра годишно во споредба со 1.1 милион колку што добиваше Стефан Елоп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП