27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна примената на Законот за финансиска дисциплина

Почна примената на Законот за финансиска дисциплина

dobivka_od_pola_milion_denari

– Почна примената на Законот за финансиска дисциплина кој треба да ја подобри ликвидноста на стопанските субјекти. Според законското решение, отсега приватните субјекти ќе треба да се обврзат со потпишување договор дека ќе ги вршат плаќањата во рок од 60 дена, освен доколку двете страни не се договорат поинаку.

Максималниот рок за намирување на обврските е до 120 дена.

Законот ги опфаќа не само приватните фирми туку и плаќањата меѓу приватните фирми и државните институции, каде исто така, роковите се 60, односно 120 дена.

Доколку не се почитуваат одредбите од Законот, предвидени се казни од 5.000 до 10.000 евра за правните лица, за трговците поединци 1.500 до 3.000 евра. За одговорните лица е предвидена глоба од 750 до 1500 евра.

Законските одредби за јавните здравствени установи, јавните претпријатија, трговските друштва формирани од државата, општините, Фондот за здравствено осигурување, јавните здравствени установи, ќе се применуваат од 1 јануари 2016 година.

Законот е донесен на крајот на минатата година на барање на бизнис заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП