27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите кризата ги направила уште побогати

Богатите кризата ги направила уште побогати

bogati1838321656534fa40120f0b278068988_640x640

Богатите во развиените земји, и покрај неодамнешната финансиска криза, станале уште побогати, и поради тоа би требало да платат праведен удел во даночниот товар.

Ова го порача Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Работниците со најниски примања едвај направиле некаков напредок, додека заработката на некои дури е и намалена, соопшти ОЕЦД, пренeсува агенцијата Франс прес.

Без преземањето на политички акции во однос на функционирањето на даночниот систем, како што наведува ОЕЦД, би се случило дополнително проширување на тој јаз, а еден процент од работниците со највисоки примања во изминатите три децении имале прилично „непропорционален удел“ во целокупниот раст на приходите.

Истакнувајќи дека во изминатите 30 години даночните стапки на приходот на граѓаните значително се намалени во повеќето членки на ОЕЦД, оваа организација предложи и данокот на наследството да се вклучи во мерките за поправање на ваквата нерамнотежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП