27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair е најголем купувач на Boeing 737

Ryanair е најголем купувач на Boeing 737

boeing737cb6b5219016542_640x285

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Ryanair“ договори ново купување на уште пет патнички авиони од серијата „Boeing 737-800“ вредни 450 милиони долари.

Вкупниот број на нарачани авиони од „Boeing“ од таа серија порасна од 175 на 180, а вкупната вредност на нарачките е поголема од 16 милијарди долари, наведува „Ryanair“.

Четирите нови авиони ќе бидат испорачани на почетокот на 2015 година, а уште еден ќе биде испорачан во февруари 2016 година.

„Со нарачката на дополнителни пет авиони, просечната старост на флотата на „Ryanair“ ќе биде под пет години“, изјави извршниот директор на ирската авиокомпанија Мајкл О’Лири, додавајќи дека „Ryanair“ ќе продолжи на патниците да им нуди точност, веродостојност и подобрено патничко искуство.

„Горди сме што „Ryanair“ стана најголемиот купувач на „737-800“ во светот“, изјави претседателот и извршниот директор на комерцијалниот сектор на „Boeing“ Реј Конер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП