26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКока Кола заработи 1,39 милијарди евра

Кока Кола заработи 1,39 милијарди евра

cocacola1

Американскиот производител на Кока Кола во последниот квартал од минатата година забележа 1,87 милијарди долари, односно 1,39 милијарди евра нето добивка, што е за 13 проценти повеќе од истиот период во 2011 година.

Во компанијата  добрите резултати ги препишуваат на големата побарувачка во Северна Америка, која ја засени продажбата во Европа.

Кока Кола во периодот од октомври до декември минатата година, оствари 41 цент нето добивка од акција, по забележаните 36 центи во истиот период минатата година.

Игрнорирајќи ги еднократните трошоци, добивката на производителот на пијалокот изнесуваше 45 центи за акција, што за еден цент повеќе од прогнозите на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП