3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија - најскапата земја во светот

Швајцарија – најскапата земја во светот

shvajcarijajm8fu38yhrg32

Во Швајцарија и Норвешка животот е најскап, а зад нив следат Бермуда, Австралија и Данска. Меѓу земјите со висок приход, САД нуди најевтин живот, открива најновото истражување кое го направи Светска банка.

Спротивно на тоа, земјите со најниски цени на пазарот се Египет, Пакистан, Мјанмар, Етиопија и Лаос, се наведува во истражувањето кое се базира врз вредноста на локалната валута и куповната моќ на населението, пренесува швајцарскиот весник „24 минути“.

САД, првата економија во светот, ја зазема 25-тата позиција во светот според скапите цени, што е далеку зад повеќето други земји со висок приход по глава на жител. Споредлива куповна моќ имаат Катар, Макао, Луксембург, Кувајт и Брунеи.

Како што наведува весникот, едно слично истражување од 2005 година открило дека земјите со средни приходи имаат значителен удел во светската економија, која се повеќе се зголемува, на сметка на најбогатите и најсиромашните држави.

Во 2011 година, според податоците на Светската банка, речиси половина од светските приходи кои тогаш изнесувале 90.600 милијарди долари, потекнувале од земјите со слаб или среден приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП