9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција планира нова емисија на обврзници

Грција планира нова емисија на обврзници

G

Грција ја разгледува можноста за нова емисија на обврзници вредни од три до шест милијарди евра, откако претходно овој месец успешно помина со продажбата на петгодишни обврзници.

„Подготвуваме програма за нова емисија на должнички хартии вредни од три до шест милијарди евра во наредните 12 месеци“, наведува министерството, а пренесува агенцијата Франс прес.

Грција овој месец се врати на меѓународните пазари на среднорочни обврзници за прв пат во последните четири години, собирајќи три милијарди евра со каматна стапка под пет проценти. Грчките обврзници, сепак, сеуште имаат неинвестиционен кредитен рејтинг, а јавниот долг, според податоците на Европскиот завод за статистика, изнесува дури 175 проценти од БДП.

Владата во Атина оваа година го очекува првиот економски раст по шестгодишната рецесија, која го намали БДП на земјата за една четвртина и ја доведе невработеноста до 28 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП