23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа автопат од 138 километри Албанија и Косово потрошиле две милијарди евра

За автопат од 138 километри Албанија и Косово потрошиле две милијарди евра

avtoput

Албанија и Косово платиле вкупно две милијарди евра за автопатот наречен патот на нацијата, во должина од 138 километри.

„Овие супер гигантски трошоци ја испразниле државната каса и ги пренасочиле фондовите од многу попосакувани проекти, како што се училишта, болници, патишта од втор ред и слично,“ се наведува во истраживањето на Балкан Инсајт.

Договорите биле потпишани со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“и покрај противењето на  Светска банка и високи дипломати на ЕУ.

Во случајот со Албанија првичниот договор бил за изградба на 61 километар за 148 милиони евра.

На крајот, според еден мејл испратен од поранешниот министер за финансии, демократот Ридван Боде, оваа траса чинела 950 милиони евра.

Историјата, исто така, се покажа трагична и за Косово, каде првичната цена изнесувала 400 милиони евра, за на крајот да скокне до 838 милиони евра за 77 километри автопат.

Автопатот во Албанија ги поврзува Драч-Тирана граничен премин Морина, кај Кукс, на границата со Косово, додека од преминот Морина-Врмица до Мердаре е автопатот во Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП