19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКакво CV ќе ги задоволи Google и Apple

Какво CV ќе ги задоволи Google и Apple

ti1

Гејл Лекман кои работел за „Google“, „Apple“ и „Microsoft“ напишал книга со совети за тоа како да дојдете до работа во една од големите ИТ компании.

Лекман, како што пренесува порталот „Business Insaider“, издвоил девет главни работи на кои големите компании обрнуваат внимание во биографиите .

Како што наведуваат, овие работи се појавуваат помеѓу повикот за интервју и моментот кога не добивате одговор на вашата молба.

Ова е листата на Лекман:

1. Ако имате диплома од престижен факултет, вашите шанси да бидете поканети на интервјуто за работа значително се зголемуваат.

2. „Google“ и „Apple“ сакаат да видат релативно работно искуство. Ако до вашата 19 година сте работеле како келнер, тоа не го споменувајте, бидејќи воопшто не е атрактивно.

3. Вашата главна професија. Уметник, хемиски инженер…извинете, но мора да најдете друг начин за да допрете до „Google“ или „Apple“. Од друга страна, сметководител, експерт за финансии, маркетинг или информатика …. овие личности имаат поголема шанса да бидат забележани од екипата од „човечки ресурси“.

4. Големите технолошки компании сакаат да запознаат личности кои и возвраќаат на ист начин на компанијата каде што работеле, односно сакаат да ги запознаат оние кои работат доволно вредно за да и се одолжат на својата компанија за сите бенифиции кои од таму ги добиле.

5. Овие компании преферираат личности кои се одлични оратори и луѓе на кои комуникацијата им оди од рака.

6. Ако имате пријателство со некој професор, кој е почитуван на својот универзитет, тоа дефинитивно се смета за предност.

7. Покажете дека ги рабирате сите позиции, одговорности и работните задачи во рамките на компанијата.

8. Луѓето со претприемачки дух имаат подобри шанси за вработување.

9. Добра вест: Просекот од оцените на факултетот не е толку важен.

И на крај, особено е важно и пожелно да работите напорно, бидејќи вработувањето во компании како што се „Google“ и „Apple“ навистина се исплати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП