22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе се обиде да ја намали енергетската зависност од Русија

ЕУ ќе се обиде да ја намали енергетската зависност од Русија

F

Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј со чешкиот премиер Бохуслав Соботка денеска во Прага се согласија дека ЕУ треба да ја намали нејзината енергетска зависност од Русија, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Европската комисија, според Ромпуј, до јуни ќе подготви план како да се постигне ова намалување.

Ромпуј по состанокот со Соботка рече дека енергетската зависност на ЕУ во контекст на актуелните настани во Украина изгледа проблематично.

– Да ги поддржиме сите иницијативи кои ќе водат до значителни поврзувања на различни национални енергетики и енергетски мрежи, подобрување на енергетската безбедност и на тој начин и намалување на зависноста на Европа од енергетските суровини кои ги добиваме од Русија, рече Соботка.

Високите претставници на ЕУ и Чешка исто така разговараа за климатскиот пакет кој е во подготовка.

Според Соботка, Чешка ќе се обиде да се осигура дека секоја земја-членка ќе може максимално автономно да решава за каков енергетски микс ќе се одлучи и посебно ќе обрне внимание на зачувувањето на конкурентноста не само на домашната економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП