Продажбата на познатите кукли „Barbie“ во првиот квартал од оваа година е намaлена за 14 проценти, на 169,9 милиони долари, се наведува во извештајот на производителот, компанијата „Mattel“
„Barbie“ претрпе најголем пад од сите брендови на компанијата.
Побарувачката на американскиот пазар се намалува, а магацините на меѓународниот дистрибутер се преполни, објаснуваат од компанијата „Mattel“.
Во компанијата потсетуваат дека и останатите нивни брендови како што се ликовите од цртаните филмови на Дизни забележале слаба продажба.
Вкупната продажба на „Mattel“ во првиот квартал се намалила за пет проценти, на 946,17 милиони долари. Тримесечната загуба достигна 11,2 милиони долари, во однос на добивката од 38,5 милиони долари во првите три месеци минатата година.