14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Русија е веќе во рецесија

ММФ: Русија е веќе во рецесија

mmf-somalia

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека Русија е веќе во рецесија, поради што оваа институција ја намали прогнозата за раст на економијата на Русија за оваа и наредната година.

„Ако рецесијата ја дефинираме како два поледователни квартали во кои е забележан негативен економски раст, тогаш Русија од оваа гледна точка веќе е во рецесија“, изјави економистот на ММФ, Антонио Спилимберго за руската новинска агенција Интерфакс.

Поради тоа, како што додаде, ММФ ја намали прогнозата за раст на руската економија на 0,5 проценти во оваа година, наместо претходно прогнозираниот раст од 1,3 проценти.

„Ваквата одлука на ММФ следи поради тешката актуелна ситуација и големата невработеност, како и геополитичките тензии и санкции, а сето тоа има исклучително негативни последици по инвестициската клима“, изјави Спилимберго.

Економијата на Русија во првите три месеци од оваа година забави за 0,5 проценти во споредба со претходниот квартал, а руското министерство за финансии предупреди дека во вториот квартал би можело да дојде до негативен економски раст.

За 2015 година, ММФ, прогнозира раст на БДП на Русија од еден процент, што е значително помалку во однос на претходно прогнозираниот раст од 2,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП