9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВрнежите погубни за кромидот

Врнежите погубни за кромидот

kromidseed

Врнежите што ја зафатија Македонија негативно влијаат врз градинарството. Доцни пролетното расадување на културите, но на удар е кромидот поради појавата на сиво гниење.

Како што изјави Љубица Џониќ од Федерацијата на фармери, тоа најмногу ќе се почувствува врз буџетот на земјоделците.

– Моменталните услови се многу лоши за градинарите, посебно за одгледувачите на кромид во богданско-гевгелискиот регион бидејќи веќе се јави т.н. сиво гниење. Среќа може да имаат само oние што го засадиле на песоклива почва којa не прима толку влага, рече Џониќ.

Неопходно е, додаде, преземање превентивни мерки и големо внимание при пласманот, да не се извезе „болен“ кромид кој евентуално би го нарушил угледот на домашното производство.

Според проценките на терен, приносот е околу шест тони. Се предвидува масовно разболување од кое штетите би биле огромни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП