2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens сака да купи дел од Rolls-Royce

Siemens сака да купи дел од Rolls-Royce

siemens1

Германскиот концерн „Siemens“ е во преговори за купување на одделението за производство на гасни турбини од „Rolls-Royce“.

„Siemens“ е заинтересиран за оваa купување само неколку дена откако достави понуда за купyвање на енергетското одделение на француската компанија „Alstom“.

„По медиумските шпекулации, „Rolls-Royce“ потврдува дека е во преговри со „Siemens“ за продажба на својот сектор за изработка на гасни турбини и компресори“, се наведува во соопштението на лондонската компанија, но не е наведена цената на потенцијалната трансакција, пренесува агенцијата Франс прес.

Според неименуваниот извор запознат со ситуацијата, вредноста на тоа одделение е 900 милиони фунти (1,1 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП