18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдобрен нов кредит за Хрватска од 150 милиони евра

Одобрен нов кредит за Хрватска од 150 милиони евра

banka svetska

Светска банка и одобри на Хрватска кредит од 150 милиони евра како помош за напорите на хрватската влада за забрзување на одржливото закрепнување, консолидација на јавните финансии и зајакнување на инвестициската клима.

Кредитот, кој го одбри Одборот на директори на Светска банка, е фокусиран на две подрачја, од кои првото е фискална консолидација за прилагодување на потрошувачката во секторите за државна администрација, здравство, пензии и социјална политика.

Второто подрачје кое треба да се поддржи со овој кредит е подобрувањето на деловното окружување и намалување на учеството на државата во корпоративниот сектор, пренесувааат хрватските медиуми.

Светска банка наведува дека хрватските власти веќе преземале мерки за јакнење на флексибилноста на пазарот на труд, намалување на административните и регулаторни препреки за вработување, забрзување на приватизацијата на државните компании, како и јакнење на рамките за иновации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП