17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЧетири паметни начини за користење на дозволениот минус

Четири паметни начини за користење на дозволениот минус

accent-calculator

Наједноставен начин на задолжување е користењето на дозволениот минус. Сепак, за што попаметно да ги потрошите тие пари кои „всушност ги немате“ потребно е да ги знаете овие правила, со цел дозволениот минус помалку да ве чини.

За вонредни трошоци

Препораката е дозволениот минус да се користи за вонредни ситуации и во ниски износи. За решавање на некои сериозни прашања, се препорачуваат потрошувачки кредити на кои се пресметува пониска камата, или кредитните картички.

Пресметка врз основа на бројот на денови

Банката ја пресметува каматата врз основа на бројот на денови во кои се користи дозволениот минусот. Таа се пресметува врз основа на бројот на денови кога сте во дозволениот минус, а тоа значи дека колку помалку го кориситите минусот, на крај износот кој ќе го платите како цена за неговото користење ќе биде помал.

Користете го само дозволениот кредит

Водете сметка да трошите во граница на одобрениот износ од дозволениот кредит. Најчесто таа е во висина на една плата или пензија, а понекогаш и во висина на две. Се преку тоа е недозволен минус и за него се пресметува повисока камата, во зависност од банката.

Регистрирани во Кредитното биро

Многу е важно доколку дојдете во ситуација да влезете во недозволениот минус тоа да биде само на неколку дена. Во спротивно, во случај да сте два месеци во таа црвена зона, ќе бидете регистрирани во Кредитното биро, а тоа може да ви создаде проблеми при следното барање за кредит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП