19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПет грешки кои младите професионалци ги прават на почетокот на својата кариера

Пет грешки кои младите професионалци ги прават на почетокот на својата кариера

woman-on-laptop-300x223

Пред сериозно да навлезете во сериозниот свет на вработените, постојат неколку работи кои треба да ги научите.

Прочитајте кои се најчестите грешки кои младите професионалци ги прават на почетокот на својата работа.

Се плашат да го кажат своето мислење

Без оглед дали станува збор за зголемување на платата, слободното време или само сакате да си го кажете своето мислење, вежно е да завземете некој став. Мора да знаете колку вредите и не дозволувајте вашите години или недостатокот на искуство да влијат на тоа како другите ќе се однесуваат кон вас.

Неработење, несериозност

Многу е важно да го ограничите времето на работа кое го поминувате на социјалните мрежи, прегледувате лични мејлови или веб страни кои не се поврзани со вашата работа.

Непримерна облека

Понекогаш тешко е младиот човек наеднаш да стане сериозен и комплетно да го промени стилот на облекување, но тоа е повеќе од потребно. Ако се облекувате премногу провокативно или премногу лежерно, ќе оставите погрешна порака.

Не се дружат со колегите

Нормално дека е важно  да сте вреден и лојален работник, но за вас исто така е важно и да воспоставите професионални врски кои во иднина може да ве доведат до подобра работа или напредување.

Мислат дека секогаш се во право

Чест проблем со младите вработени е кога тие се однесуваат премногу самоуверено. Понекогаш е тешко кога ќе дипломирате и ќе се вработите да бидете под сите вработени во компанијата, но мора да ги почитувате постарите вработени и оние кои долго време се во компанијата и мора да научите каде е вашето место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП