4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗошто американските компании ги купуваат ривалите?

Зошто американските компании ги купуваат ривалите?

generalelectric5few5f4we4f4ew4

Американските компaнии очајнички настојуваат да ги преземат европските ривали, а за тоа говори и понудата на американскиот „General Electric“ кој сака да го купи францускиот „Alstom“.

Исто така, тука е и обидот на американскиот фармацевтски гигант „Pfizer“ да го преземе британскиот ривал „AstraZeneca“.

Според оценките на некои аналитичари, главната причина на американските гиганти за преземање на европските ривали не е само ширење на бизнисот, туку и избегнување на потенцијално високите даноци на домашниот пазар, пренесува агенцијата Франс прес.

Американските компании во офшор зоните остваруваат огромен профит, но не сакаат тие пари да ги вратат дома поради стапките на данок од 35 проценти на поврат на капитал. Така, наместо да го исплатат профитот на акционерите или да инвестираат во САД, овие компании ги трошат своите пари во странство.

Имено, американскиот „General Electric“ сака да потроши околу 14 милијарди долари за купување на активностите на „Alstom“ во областа на енергетиката, додека „Pfizer“ достави една од најголемите понуди неккогаш видени во фармацевтската индустрија за купување на британската компанија „AstraZeneca“ и тоа за сума од 100 милијарди долари.

„Данокот игра голема углоа при размислувањата за аквизиција надвор од САД“, изјави поранешниот директор на компанија „MFS“ Роберт Позен.

САД е меѓу неколкуте земји во светот кои ја оданочуваат вкупната заработка на компанијата (без оглед дали е остварена во земјата или надвор од неа), а данокот од 35 проценти на остварениот капитал е еден од најголемите во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП