3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМалиот Audi S1 ​​стана чудовиште со 600 КС

Малиот Audi S1 ​​стана чудовиште со 600 КС

eks-s1

Малиот градски автомобил „Audi A1“ има спортска „S1“ верзија. Неа ја одбрал двократниот шампион во Германскиот туристички шампионат (ДТМ), Матијас Екстром да ја претвори во вистинско чудовиште.

Шведскиот возач повеќе не се натпреварува во „ДТМ“ шампионатот, а наместо тоа тој формира свој тим, со кој ќе учествува во светскиот рели-крос шампионат.

Тимот се нарекува „EKS“ и тие го создадоа бруталното „Audi S1“ ​​со 2-литарски 4-цилиндричен турбо мотор. По доста работа на него, тие успеваат да ги зголемат стандардните 231 КС до 600 КС.

Моќноста се пренесува на сите четири тркала преку 6-брзинскиот секвенционален менувач. Забрзувањето до 100 км/ч се остварува за 1,9 секунди. Овој автомобил ќе дебитира на отворањето на светскиот реликрос шампионат во мај во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП