5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнформатичките факултети ќе соработуваат со ССК

Информатичките факултети ќе соработуваат со ССК

tastaturag43t43t43t

– Информатичко-компјутерската комора при Сојузот на стопански комори и информатичките факултети во земјата денеска ќе потпишат меморандум за соработка.

На официјалното потпишување на Меморандумите за соработка, ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Претседателот на ИКТ комора при Сојуз на стопански комори, Саша Огненовски, ќе го потпише меморандумот за соработка со Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Факултет за компјутерски науки и технологија (МИТ), Факултет за информацисоко комуникациски технологии (ФОН), Американ Колеџ, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Како што се наведува во соопштението од Комората, настанот е резултат на иницијативата за воспоставување соработка со академската заедница, со цел да се зголеми развојот на ИТ индустријата.

Целта на настанот е поврзување на бизнис заедницата од оваа дејност со науката во насока на унапредување на ИКТ секторот во нашата земја. Во иднина, како што најавуваат од

Комората, ќе се организираат трибини, конференции и семинари за размена на искуства и запознавање со најновите ИТ трендови, а ќе се овозможи и практична работа на студентите на овие факлутети во компаниите членови на ИКТ комората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП