10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрза инфлацијата во Германија

Забрза инфлацијата во Германија

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Цените во Германија, најголемата европска економија, пораснаа овој месец повеќе отколку во март, благодарение на Велигденските празници, покажаа прелиминарните податоци во Берлин.

Трошоците за живот во април се зголемиле за 1,3 проценти на годишно ниво, во однос на растот од еден процент во претходниот месец, наведува Федералниот завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Велигденскиот викенд, ги зголеми цените на хотелските услуги, транспортот и горивото, покажуваат податоците.

На месечно ниво цените во Германија во април се намалиле за 0,2 проценти во однос на март, додека според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој како мерило за инфлација го користи Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија во април е зголемена за 1,1 проценти на годишно ниво.

Прелиминарните податоци се базираат врз основа на статистиката во шест германски региони, а конечните од сите 16 ќе бидат објавени на 14. мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП